понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 6
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Ѓорѓиевски: Господо од СДСМ, престанете со злоупотреби и селективност во овие кризни денови

Ѓорѓиевски: Господо од СДСМ, престанете со злоупотреби и селективност во овие кризни денови

⭕️ Господо од СДСМ, престанете со злоупотреби и селективност во овие кризни денови!

Зошто за секретарката на некој функционер во Агенцијата за национална безбедност не би важел полицискиот час, односно забраната за движење, а истата би важела за полициски службеник кој во моментот не е на должност⁉️

Зошто нечија соработничка во АНБ би можела слободно да се движи без посебно одобрение, а тоа не му е дозволено на некој полициски службеник кој е должен да постапи секогаш кога ќе забележи кривично дело, без разлика дали е на служба.⁉️

⚠️ АНБ во моментов е единствен орган чии вработени се целосно и безусловно изземени од полицискиот час.

➖ Дали во периодов освен јавната безбедност и здравјето на граѓаните е загрозена и националната безбедност❓
➖ Доколку е така, дали се точни информациите дека вработените во АНБ се поделени во две групи и агенцијата функционира со скратено работно време, односно два дена одат на работа, па два дена одмораат❓
➖ Зошто е овој начин на функционирање доколку постојат сериозни закани за националната безбедност❓

◾Наместо професионална служба, формиравте партиско тело скандализирајќи ја цела процедура на селекција.
Сега на истото тоа тело му давате привилегии какви што немаат ниту полициските службеници, ниту социјалните и медицинските работници, ниту кој било во државата.

☑️ Граѓаните гледаат што правите и ќе ви кажат што мислат кога ќе дојде време. После тоа верувајте дека законот ќе важи подеднакво и за вас.

Фејсбук статус на Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус