четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 215
Во живо

Мицкоски на средби со граѓаните во Тетово

home Вести

Ѓорѓиевски: Функционерите на СДСМ се најголемиот кластер на корона вирус во Република Македонија

Ѓорѓиевски: Функционерите на СДСМ се најголемиот кластер на корона вирус во Република Македонија

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа истакна дека СДСМ односно Сања Лукаревска и Мухамед Зекири се најголемиот кластер за корона вирусот затоа што функционери од СДСМ делеа памфлети, хуманитарни пакети во услови на пандемија.

-Владините функционери и сите приврзаници на истите само го следат примерот на Зоран Заев. Масовниот поткуп кој што се вршеше не само во Струмица во целата Република Македонија од една страна е нелегално затоа што е поткуп во услови кога се разговараше за избори, а од друга страна сериозно ги стави во ризик животите и здравјто на граѓаните во цела Република Македонија. И сега Зоран Заев свесен за последиците од сето тоа, свесен на што се ги изложи македонските граѓани со тие негови фикс идеи мора да бара виновник и нормално ние ќе бидеме криви, претседателот Мицкоски ќе биде крив, Наќе Чулев ќе биде крив, секој ќе им биде крив само да не признаат дека тоа е генерално нивна вина. Нивните приврзаници на семејствата, роднини пријатели само го следат примерот на Зоран Заев. Ние видовме Сања Лукаревска колку животи стави под знак прашалник со нејзиното делење на памфлети, хуманитарни пакети итн. Истото го видовме и со потпретседателот Мухамед Зекири. Тие се најголемиот кластер во моментов за корона вирусот во Република Македонија, половина партија им е во изолација, не е пола ракодоство на ВМРО-ДПМНЕ во изолација за да се обвини ВМРО-ДПМНЕ, истакна Ѓорѓиевски во своето гостување.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија апелираше што е добро да се направи во врска со справување на пандемијата.

Парламентарни избори 2020