среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 7
home Вести

Ѓорѓиевски: Една година од брутално изрешетаните две лица на „Партизанска“, кој, кого и зошто штити?!!

Ѓорѓиевски: Една година од брутално изрешетаните две лица на „Партизанска“, кој, кого и зошто штити?!!

помина цела година откако на “Партизанска” брутално беа изрешетани две лица, а третото беше повредено.Кој, кого и зошто штити?!, прашува членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

-Пред десет дена помина цела година откако на “Партизанска” брутално беа изрешетани две лица, а третото беше повредено.

-Милион шпекулации кружеа во јавноста за мотивите за оваа крвава пресметка, а сеуште се зборува дека бандите од скопско Грчец и Арачиново решиле да го земат законот во свои раце и да делат правда наместо тоа да го прави МВР.

-Набргу ќе измине и втората година од убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев, кој беше брутално изрешетан на сред улица, а сторителите си заминаа непречено.

-Каде се во целата приказна МВР и Оливер Спасовски?

-Има ли некој што одговара за овие ликвидации?

-Дали некому се суди и дали некој е испратен во затвор?

-НЕ!

-Еден скандал се покрива со друг. МВР стои на страна. Правдата е оставена на криминалците.

-Спасовски со неделувањето станува заштитник на криминалот.

-Затоа треба да си одат. На нашите граѓани им треба мир и безбедност која ќе им ја гарантираат институциите.

-Полицијата мора да се врати во раце на професионалците.

-На МАКЕДОНИЈА и треба обнова!!!, пишува во својот Фејсбук статус Ѓорѓиевски.