среда, 28. јули 2021. Вести денес: 149
home Вести

Ѓорѓиевски до Заев: Доколку се чувствуваш неспособен и истрошен можеш да си поднесеш оставка, така и Македонија ќе ја биде

Ѓорѓиевски до Заев: Доколку се чувствуваш неспособен и истрошен можеш да си поднесеш оставка, така и Македонија ќе ја биде

Не знам од каде го црпиш ова и зошто се чувствуваш престарен, Зоране, но 46 години се доволно зрели за водење политика, можеби најубавите. И држава. Но еве, ако се чувствуваш неспособен и истрошен можеш да си поднесеш оставка, едноставно е. А и најдобро е, ем ти нема да се мачиш, ем нас нема да нѐ мачиш, а и Македонија ќе ја биде.

Инаку, првпат морам да се согласам дека не си направил грешка. Точно, таа е #македонска репрезентација која ги брани светите бои на Република #Македонија и сите играчи, од различни етникуми гордо го носат националниот дрес.

Еве за почеток, можеш од нив да учиш како се сака и како се гине на терен за својата татковина, да покажеш кичма а не глупаво да се извинуваш, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, откако претходно премиерот Зоран Заев се правдаше дека погрешка кажал македонска репрезентација.

Коронавирус