четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 135
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Вести

Ѓорѓиевски до власта: Во 21 век не успевате да исполните ветување за изградба на фекална канализација

Ѓорѓиевски до власта: Во 21 век не успевате да исполните ветување за изградба на фекална канализација

На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Зоран Ѓорѓиевски. Тој кажа дека срамота е во 21 век да се зборува за изградба на фекална канализација и таа се уште да не биде остварена.

Ѓорѓиевски истакна дека селото Романовце има насушна потреба од овој проект со оглед на фактот дека таму живеат над 2.000 жители.

– Во 21 век овдека расправаме за работи со кои не треба да расправаме, фекална канализација во 21 век на населба која е 5 километри предградие на Куманово да се разговара. Ви се молам, Куманово е најголема локална самоуправа во Македонија последна е и во владата на ВМРО кога беше поради континуитетот на локалната влас не можевме да го овој проблем решиме бидејќи трите милиони евра кои беа од Министерството за транспорт и врски предвидени за канализација за Романовце и водовод за Пчиња почитуваниот господин Дамјановски не сакаше проектите да ги направи за да сега кога дојдовте на власт тие исти средства се потрошат за електронски водомери. Кај се потребите , електронски водомери беа најбитната работа во Куманово. Па сите во Куманово знаат дека најголемата градска елита не плаќа вода потенцираше Ѓорѓиевски.

Коронавирус