среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорѓиевски до Спасовски: Вие не жалите за ништо затоа што сте валкан до гуша

Ѓорѓиевски до Спасовски: Вие не жалите за ништо затоа што сте валкан до гуша

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски јавно му се обрати на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Неговото обраќање го пренесуваме во продолжение:

„Господине Спасовски, Ниту на мене, ниту на граѓаните им е важно за што тоа Вие жалите. На нас ни е важно тоа за што жалиме сите ние.

Сите ние жалиме што наместо владеење на законот, во Македонија владее на мафијата и криминалот.
Жалиме што криминалните банди до толку земаа замав па си влегуваат со автоматски пушки и решетаат во сред елитен хотел во главниот град.

Жалиме што во тие моменти можел да настрада некој рецепционер или дел од персоналот во хотелот. Жалиме што можеле да настрадаат гости или луѓе кои таму имале семејна веселба.
Највеќе жалиме што нема полиција која што може да ги сопре бандитите и да ја гарантира безбедноста на граѓаните. Уште потрагично е тоа што параполицијата што ја инсталиравте во МВР директно соработува со мафијашките структури, па затоа се пресметуваат и меѓу себе во зависност од тоа кој на која мафијашка група и припаѓа.

Наместо да жалите , ајде обидете се да ни одговорите каде се криминалците кои пукаа во сред хотел ? Дали некогаш ќе понесете одговорност затоа што темпирани бомби ни се шетаат по градов ? Што да прават обичните граѓани доколку истите овие вооружени насилници решат следниот пат со автоматски пушки да влезат во диско клуб, кафуле или ресторан ? Повторно ли да се тешат дека Вие жалите ?

Знаете ли што е најжално ? Тоа што алфите предводени од вашите најблиски соработници се злоупотребени во крими пресметка.

Ајде сега наместо да жалите , да одговорите на неколку прашања за кои сте платени.

Доколку алфите биле цел на закана на криминалната група која се наоѓала во хотелот, зошто веднаш не повикале засилување и не ги привеле заканувачите ? На тој начин немало да се случи вооружениот напад и немало да бидат загрозени присутните во хотелот.

Доколку алфите биле загрозени и спречени да повикаат засилување, зошто веднаш не го пријавиле настанот ?

Дали е точно дека заканите се пријавени на втори декември, а истите се случиле ,а триесетти ноември ?

Дали е точно дека заканите биле кон еден од првите луѓе на Алфа единицата, поставен од вас, за кого нападнатите сметале дека соработува со другата криминална банда ?

Господине Спасовски, Вие не жалите за ништо затоа што сте валкан до гуша. Вие ќе жалите после 12 април кога ќе бидат отворени истраги за вашата коалиција со криминалот, бидејќи подобро Вие да жалите , отколку обичниот човек“.

Коронавирус