недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 21
home Вести

Ѓорѓиевски до Спасовски: Полицијата ја партизиравте и политизиравте како никогаш досега, затоа владее хаос

Ѓорѓиевски до Спасовски: Полицијата ја партизиравте и политизиравте како никогаш досега, затоа владее хаос

Полицискиве службеници кои се наоѓаат на високи функции во СВР Куманово ви аплаудираа на партиската трибина по политичка наредба или по полициска? Со значки се дојдени на трибинава или не? Службено проверуваат и бележат или партиски? Приватно или службено ќе им се јавуваат на оние што не ви се доаѓаат повеќе за да ги слушаат вашите лаги? За двајцава ветинг ќе важи или доволно силно ви аплаудираа? Внатрешна контрола постои или и за неа не важат ни Закон за полиција, ни Закон за внатрешни работи, ни кодекси, ни правилници? Ова се прашањата кои членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски ги упати до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Господине Спасовски, Полицијата ја партизиравте и политизиравте како никогаш досега. Вработувате партиски поттрчковци на одговорни места. Одбивате да одговорите какви квалификации има снимателот Пачемски, освен што му купува бурек на Жерновски. Одбивате да одговорите кое искуство го има поранешниот директор на затворот за да го ставите на одговорна функција.

Затоа ни се случува криминалци да палат автомобили, а убијци да се шетаат слободно. Затоа владее хаос. Може да продолжите да молчите, но доаѓа време кога ќе следува одговорност за ваквото однесување. Доаѓа обнова на Македонија.

ПС…

Го познавате полицискиов службеник од Тетово? Важи законот за него?, пишува тој не Фејсбук.

Коронавирус