недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 93
home Вести

Ѓорѓиевски до Спасовски: Немојте да се жалите на обвинителството, народот веќе жали што вие сте министер

Ѓорѓиевски до Спасовски: Немојте да се жалите на обвинителството, народот веќе жали што вие сте министер

Го гледам вчера Спасовски сам на емисија како се обидува, како се препелка, својата неспособност и институционалната корумпираност да ја сокрие од јавноста. Министерот кој целиот мандат го помина сликајќи се и влегувајќи од авион во авион за да се шета низ светот на грбот на народот е во ситуација секого да обвини, само за тој да излезе чист, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Министер, немојте да се жалите на обвинителството, народот веќе жали што вие сте министер. И не е само поентата што обвинителството не реагирало, туку што делови од полицијата блиски до вас се заштитници на криминалци. И кажете ја вистината, дека пресметката во Палас е пресметка помеѓу параполициски и криминални мрежи. И дека има криминалци пред кои полицијата молчи, не затоа што не може да одговори, туку затоа што вие сакате да е така. Причината зошто денес во Скопје се живее како во некоја Бразилска фавела, е зошто вие сте покровител на бракот помеѓу криминалното подземје, и дел од полициските сили под ваша контрола. Но секој почеток има свој крај, а вашиот во политиката бргу доаѓа, додава тој на Фејсбук.