понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 15
home Вести

Ѓорѓиевски до Спасовски: Наместо да гласате уредби за исплата на плати во СЈО, прифатете го предлогот на Мицкоски

Ѓорѓиевски до Спасовски: Наместо да гласате уредби за исплата на плати во СЈО, прифатете го предлогот на Мицкоски

Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук му порачува на техничкиот премиер Оливер Спасовски да го прифати предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Господине Оливер Спасовски,
наместо да гласате уредби за исплата на вртоглави суми за плати на вработените во СЈО, кога народот останува без работа и нема што да јаде, прифатете го предлогот на Христијан Мицкоски и парите за СЈО, заедно со други средства исплатете ги на име награда за здравствените работници и униформираните лица во МВР и АРМ.
Здравствените работници се во првите борбени линии. Тие работат и по 24 часа во денот за да спасат човечки живот. Треба да им се даде награда за нивниот надчовечки труд, ангажман и пожртвуваност во овие тешки моменти за сите нас како народ!
Се жртвуваат себе си и своите фамилии за нас и нашите фамилии. Да им оддадеме почит со овој гест, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Господине Оливер Спасовски, наместо да гласате уредби за исплата на вртоглави суми за плати на вработените во СЈО,…

Gepostet von Орце Ѓорѓиевски am Dienstag, 7. April 2020

 

Коронавирус