четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 88
home Вести

Ѓорѓиевски до СДСМ: На нашиот народ му е совршено јасно што е лажна пропаганда, особено ако истата доаѓа од вашата кујна

Ѓорѓиевски до СДСМ: На нашиот народ му е совршено јасно што е лажна пропаганда, особено ако истата доаѓа од вашата кујна

Веќе видено сценарио на скапо платениот со народни пари PR тим за пропаганда на СДСМ, реагира членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.

Немајќи со што и за што да го обвинат Христијан Мицкоски, истите тие скапо платени канцелариски мешетари шират ваков тип на стари видеа и снимки од пред една година, според кои спортувањето на претседателот Мицкоски е голем грев, многу поголем од сите матни бизнис зделки на З.З. , многу поголем од продажбата на националните интереси на македонскиот народ и Македонија, многу поголем грев од сите криминали и корупција на оваа најнеспособна влада предводена од СДСМ.

Господо од СДСМ треба да бидете на чисто со неколку работи:

На нашиот народ му е совршено јасно кој е ЗЗ и СДСМ;

На нашиот народ му е совршено јасно што е лажна пропаганда, особено ако истата доаѓа од вашата кујна;

И на крајот, на нашиот народ му е совршено јасно, но треба и вам да ви биде јасно дека досега ниту еден човек не одговарал за спортски активности. Одговарале и ќе одговараат криминалци како тие кои ви ги даваат инструкциите за лажни вести и црна пропаганда, порачува Ѓорѓиевски.

Веќе видено сценарио на скапо платениот со народни пари PR тим за пропаганда на СДСМ. Немајќи со што и за што да го…

Gepostet von Орце Ѓорѓиевски am Samstag, 25. April 2020

Коронавирус