недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорѓиевски до Ремески: Криминалот не се исплати- Заев нема да ве заштити ниту вас, ниту вашиот сопруг, тој гледа да се спаси себеси и најблиските

Ѓорѓиевски до Ремески: Криминалот не се исплати- Заев нема да ве заштити ниту вас, ниту вашиот сопруг, тој гледа да се спаси себеси и најблиските

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски одговори на прозивките од страна на Фросина Ременски.

-Бидејќи сум јавно прозван од дотичната, кусо да и одговорам:

Од професор, преку технички министер и потпретседател на собрание па се до осомничен криминалец со мерки за обезбедување изречени од суд.
Ова е патот на Фросина Ременски и алчните, нереализирани ликови кои му веруваа и му слугуваа на Заев и надевајќи се дека исто како него ќе бидат заштитени и ќе минат неказнето.
Криминалот не се исплати, госпоѓо Ременски. Заев нема да ве заштити ниту вас, ниту вашиот сопруг. Заев гледа да се спаси себеси и најблиските. Може и ќе се обиде ама вие ќе одговарате, пишува Ѓорѓиевски и додава:

„Пред да ве прашам за материјалите, ќе ни кажете дали постирате статуси од мобилните што ги изгубивте пред да ве приведат? Што имаше на тие мобилни ? Иста ви е финтата како на Катица. Лош ви е советникот што ви кажува да се ослободувате од телефоните. 😀

Туку, ајде сега посериозно.
Како професорка ќе сакате ли да ни кажете по кој закон Јовче Ременски си изнесува класифицирани материјали и си ги чува дома?
Да не има некоја посебна НАТО процедура за семејство Ременски?

Воопшто не е наивна работата.
Меѓународни претставници и од земји членки на НАТО следат што се случува и се интересираат како ликови како Јовче Ременски може да работат во новата АНБ.
Веројатно сте свесни за штетата што ја нанесувате на Македонија.

Ќе си одговарате и со Русковска и без Русковска.

И на крајот, немојте да мислите дека со вашите закани некого ќе заплашите . Ниту ќе ме исплашите, ниту ќе ме спречите да ја кажувам вистината!“.