среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 140
home Вести

Ѓорѓиевски до Петровска: Доста лажевте и крадевте, без ниту еден доказ оспорувате аргументирана истрага на МВР – Имајте доблест и извинете се наместо да лажете

Ѓорѓиевски до Петровска: Доста лажевте и крадевте, без ниту еден доказ оспорувате аргументирана истрага на МВР – Имајте доблест и извинете се наместо да лажете

Одамна… длабоко во гората си беше едно скришно село каде што си живееја едни малечки суштества. Се викаа штрумфови. Беа добри…

Вака со својот специфичен глас актерот Гоце Тодоровски не внесуваше во серијата Штрумфови преку која ја учевме разликата меѓу доброто и злото, меѓу алчноста и чесноста, меѓу мрзата и трудољубивоста.

Госпоѓо Петровска, видовме дека сѐ уште сте фасцинирана од штрумфовите, а можеби Заев и ве нарекува ,,штрумфета”, но верувајте во вашата приказна се е извртено.

Во вашето село царува Вицештрумф кој има многу мерак селото да личи на Лазарат и да го преплави со марихуана. Зоранштрумф е три пати аболициран, му обезбедува поддршка на Вицештрумф, вози мотори, нарачува трас-трас пресуди и за личен профит менува и име и јазик и историја. Рашкоштрумф мести тендери, а пајакштрумф смислува смешки како полицајки сами се повредувале.

Во вашето село Вице штрумф и Зоранштрумф, фалсификуваат, крадат и лажат. Гаргамел на ред не може да дојде од нив. Ако треба и процент му даваат само да ги остави на раат да градат хациенди по мориња.

Вакви прикаски не ни требаат веќе. Доста лажевте и крадевте. Без ниту еден доказ оспорувате аргументирана истрага на МВР. Ве боли што лагите на СДСМ фалсификаторска се разобличени. Имајте доблест и извинете се наместо да продолжите да лажете.

Каде и да е, ќе штрумфнете од власт, а после ќе треба да се навикнете на фактот дека институциите веќе нема да го штитат и прикриваат криминалот. Напротив, секој ќе одговара за стореното.

Одамна… длабоко во гората си беше едно скришно село каде што си живееја едни малечки суштества. Се викаа штрумфови….

Gepostet von Орце Ѓорѓиевски am Dienstag, 28. April 2020

ЕУРО 2020

Македонија