вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорѓиевски: Да ангажираш 1000 полицајци, да го кренеш цело МВР на нозе, а да нема ниту еден притворен е тотално ФИЈАСКО

Ѓорѓиевски: Да ангажираш 1000 полицајци, да го кренеш цело МВР на нозе, а да нема ниту еден притворен е тотално ФИЈАСКО

Не, воопшто не сте во договор со наркодилериве. Едни жестоки реакции денеска и вчера за големава акција и масовните апсења , па, па, па… Се потресоа од Грчец до Арачиново, коментира членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Неговиот Фејсбук статус ви го пренесуваме во продолжение: 

Навистина, зошто би им правеле проблеми на дилерите да не го фатат последново сонце. Некако им се погоди за кафе и за да заработат уште некој денар. Тоа што ќе заведат и загрозат уште деца по улиците , баш ви е гајле. Важно да има дел од профитот и за вас.

Може пропуштивме нешто ама не е баш дека видовме некое апсење во „големава“ акција ! Може пропуштивме нешто ама не слушнавме дека некој завршил во притвор заради дрога ! Може е до нас ама некако и не прочитавме колку наркотици сте заплениле.

Малку чудничко, градовиве полни со дрога, дилериве се пресметуваат меѓу себе по улици и ноќни клубови, а вие си молчите. Или можеби ја штитите пресумпцијата на невиност па затоа не кажувате кого сте привеле ? Туку ѓаволот ја однел шегата.
Да ангажираш илјада полицајци, да го кренеш цело МВР на нозе , а да нема ниту еден притворен е тотално ФИЈАСКО. Во нормални земји, каде што има одговорна власт, за ваква катастрофа следува одговорност. Почнувајќи од Министерот, преку Директорот на БЈБ па се до началниците.

Така би било во нормална земја каде постои вистинска борба со криминалот, а не коалиција со наркобандите. Вас мува не ве лази дали акцијата Ви е пробиена од внатре или цело време сте хранети со погрешни информации. Битно си правите циркузи на државен трошок за да ги лажете и граѓаните и нашите меѓународни партнери дека преземате нешто против трговијата со наркотици.

Еден куп соработници ви се на платен список на наркомафијата. Ги зборат дека не можат да постигнат со кафиња по цел ден , бидејќи дилериве кои ги канат се намножија како печурки после дожд. Нормално, бидејќи се чувствуваат заштитени. Професионалците ги елиминиравте, а МВР бруе дека началникот на НТШ изел ќотек од дилериве заедно со уште неколку колеги. Пустиот, не смеел ниту да пријави, според она што се зборува низ МВР ! Ама добар, Ви е. Ем во роднинска врска со ваша функционерка, ем се надевате дека ќе подзаврши работа со подземјето за избори.

Ете затоа криете. Не сакате јавноста да знае што правите. Затоа и нема споредби во однос на реализациите. Последните податоци објавени на официјалната страница ви се од 2017 година. Впрочем што ќе спроведувате. Сте фатиле половина тон кокаин или десетици килограми хероин ?

Ма јок. Само знаете дека народот тоа го гледа и времето ви поминува, а одговорност ќе има.