сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорѓиев: Заев е уценет и мора да прави концесии на штета на националните и државните интереси за да се спаси од одговорноста за сторениот криминал

Ѓорѓиев: Заев е уценет и мора да прави концесии на штета на националните и државните интереси за да се спаси од одговорноста за сторениот криминал

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски бил и ќе остане на страна на народот и на страна на Македонија, за разлика од Зоран Заев. Луѓето кои со месеци протестираа против антидржавните политики на Зоран Заев не се и нема да бидат терористи без разлика што судот и јавното обвинителство под притисок на власта сакаат политички да ги гонат и да се изживуваат со нив и нивните семејства, истакна Филип Ѓорѓиев.

-Стотици илјади граѓани секојдневно протестираа за зачувување на интегритетот и суверенитетот на Република Македонија. Дури и сите да ги уапси, Зоран Заев нема да успее да го згази чувството на патриотизам и љубовта кон сопствената држава. Дури и сите со политичка и одлука да ги фрли во притвор нема да ја убие љубовта кон Македонија. Зоран Заев и СДСМ немаат капацитет да го разберат ова. Немаат капацитет затоа што Зоран Заев е уценет човек. Зоран Заев мора да прави концесии на штета на националните и државните интереси за да се спаси од одговорноста за сторениот криминал, рече тој и додаде:

„Јавноста виде многу слики и видео материјали од тоа како Зоран Заев барал поткуп од бизнисмени. Конечно видовме и пред судот, јавно признание дека Заев бесрамно земал мито од едно евро за него, едно евро за партијата и едно евро за црквата, по метар квадратен. Со кој кредибилитет Зоран Заев мисли понатаму да ја води државата ? Има ли друг Премиер во Европа за кој со докази е документирано дека барал поткуп? Уште од колку бизнисмени во Струмица е побаран поткуп? Дали Премиерската функција ја користи за да го продолжи истиот принцип на работа?“.

Зоран Заев, подвлече Ѓорѓиев, веќе нема кредибилитет да биде прв човек на Владата. -Ниедна закана, ниеден притвор и ниедна манипулација не може да ја покријат срамната снимка на која што се гледа начинот на кој што работи.

Коронавирус