понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорѓиев: Шилегов со скапиот паркинг носи мафијашка мерка во корист на олигархијата

Ѓорѓиев: Шилегов со скапиот паркинг носи мафијашка мерка во корист на олигархијата

Со одлуката на советниците на СДСМ во Градот Скопје, и на градоначалникот Шилегов паркирањето на Средно Водно ќе чини 100 денари во првиот час, а секој нареден по 50 денари, истакна на денешната прес-конференција Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочува дека тоа значи дека еден викенд поминат во парк шумата Водно, Шилегов направи едно семејство да го чини колку просечна сметка за вода.

Според Ѓорѓиев ова значи дека Средно Водно станува привилегија за богатите, а не за секој еден граѓанин.

-Ова е удар за стандардот на младите, но и за оние категории на граѓани кои поради својата возраст или здравствена состојба мора да користат превоз за да ги користат придобивките на Водно. Градоначалникот Шилегов прво велеше дека возилата ќе загадувале, па неуспешно ја ископира и воведе мерката за забрана за движење на возилата на Средно Водно, но сега не е проблем за него што ќе загадуваат возилата бидејќи со мерката за воведување на платен паркинг, загадувањето ќе биде само од поимотните граѓани. Бараме повлекување на оваа дискриминаторска и штетна мерка. Ветуваа живот за сите, а Шилегов воведе паркинг можност само за богатите, истакнува Ѓорѓиев.

Тој додава дека ова е мафијашка мерка за заштита на елитата и богатите.

Најнови вести

Коронавирус