четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 189
home Вести

Ѓорѓиев: Присуството на висок функционер од МНР во работата на историската комисија претставува политички притисок и прекршување на резолуцијата

Ѓорѓиев: Присуството на висок функционер од МНР во работата на историската комисија претставува политички притисок и прекршување на резолуцијата

По моето заминување од комисијата, односно по најавата за прекин на мојата работа во комисијата еден висок функционер од МНР ме покани на пријателски разговор во министерството, при што ми понуди готов договор за раскинување на договорот, истакна поранешниот член на комисијата за историја, Ванчо Ѓорѓиев во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј Ако Можеш“ на Телевизија Алфа.

„Спектакуларните најави за моето бркање од комисијата за историја помеѓу Македонија и Бугарија, не можам да го објаснам поинаку освен како обид да се прикаже еден триумфализам и да се даде една политичка конотација на целиот случај“, истакна Ѓорѓиев.

Тој посочи дека истиот ден кога излегол со соопштението дека ја прекинува работата во историската комисија поради политички притисок и за непочитување на договорените принципи врз коишто работи комисијата, а тоа е принципот на консензуално носење на одлуки, под влијание на двајца членови од комисијата, членовите отстапија од сето она коешто наназад сме го разговарале за Цар Самоил.

Ѓорѓиев додаде дека за македонскиот дел историчари тоа секогаш се правело консензуално, но овој пат тоа не се испочитувало, како и дека биле разменети две пораки без негова согласност што не е дозволиво.

„За време на работата на комисијата присутен беше и висок функционер од МНР, односно човек кому местото не му е тука. Всушност тој човек беше тука за да надгледува и да дава некакви инструкции и тоа претставува политички притисок. Ова претставува и прекршување на македонските црвени линии со резолуцијата изгласана во Собранието“, заклучи Ѓорѓиев.

Најнови вести

Коронавирус