четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ѓоргиевски: Партиското судство на СДСМ ја намали казната од 18 на 6 месеци затвор за градоначалникот шверцер Боро Стојчев

Ѓоргиевски: Партиското судство на СДСМ ја намали казната од 18 на 6 месеци затвор за градоначалникот шверцер Боро Стојчев

Останува уште да видиме судот да донесе одлука да му ги врати шверцуваните цигари на другарот на Зоран Заев, градоначалникот Боро Стојчев, познат како Боро Малборо. Недостасува уште судот да му се извини на крими пријателот на Зоран Заев што не можеле во целост да му ја укинат пресудата бидејќи единствено можеле да ја намалат за една третина, ова денеска на пресконференција го истакна Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Да не е тажно сето ова ќе беше комично. Партиското судство на Заев се претвора во пародија на правдата. Наместо правда гледаме неправда. Се обидоа да не убедат дека тоа што го гледаме на снимки Заев како бара поткуп од „едно евро за Вице – едно евро за Црквата”, всушност не сме го виделе. Сега не убедуваат дека шверцерот Боро Малборо не носел цигари на црно. Вчера партиското судство на СДСМ донесе уште една срамна одлука и ја намали и онака симболичната затворска казна од 18 месеци  за градоначалникот шверцер, Боро Стојчев на само шест месеци затвор. Дали оваа одлука е издиктирана во штабот на СДСМ само за да не мора на Стојчев да му престане мандат? Кому му треба градоначалник – криминалец кој издржува затворска казна? Зошто Заев се плаши од избори во Ново Село? СДСМ е во коалиција со криминалот, Заев застанува во заштита на криминалот особено кога станува збор за неговите партиски функционери кои се вмешани во истиот. Судењето на Стојчев кое и онака беше фарса од самиот момент од неговото обвинение беше преквалификувано па сега продолжува да ги разголува партиските спреги на СДСМ со судството. Апелациониот суд во Штип вчера реши дополнително да ја намали затворската казна за градоначалникот шверцер и да ја продолжи фарсата режирана лично од Зоран Заев, потенцира Ѓорѓиевски.

Тој додава дека СДСМ е партија која е водена од човек кој беше со видео материјали евидентиран како бара мито од 200.000 евра, за да заврши работа, која што со закон е должен да ја изврши.

-СДСМ стана синоним за криминал, злоупотреба на власта и корупција. Врвот на картелот е носител на целиот криминал и коруптивното однесување во нашата држава. Зоран Заев ја погреба правната држава во Македонија. Судството продолжува да го амнестира наместо да го казнува криминалот на оваа власт. Промената на името нема да ги реши проблемите со корупцијата во власта, нема да ги реши ни проблемите на судството кое наместо да го казнува криминалот истиот го амнестира. Правната држава во Македонија ќе се врати, а тогаш сите оние кои што се амнестирани од партиското судство на СДСМ, ќе ги стигне правдата и ќе одговараат за криминалот како што ќе одговараат и оние кои што сега го амнестираат криминалот. Ќе одговараат и сите тие кои ја злоупотребуваат службената положба и овластувањата и се ставаат во заштита на криминалниот картел на власта, рече Ѓорѓиевски.

Најнови вести

Коронавирус