вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 171
home Вести

Ѓоргиевски: Кузмановска ги нема прикажано во анкетен лист приходите кои нејзиниот сопруг ги заработил од фирмата Енерџи винд

Ѓоргиевски: Кузмановска ги нема прикажано во анкетен лист приходите кои нејзиниот сопруг ги заработил од фирмата Енерџи винд

Наместо живот за граѓаните, Зоран Заев во овие три години си донесе пари и луксуз за себе и најблиските соработници, а на граѓаните им донесе беда. Цветанка Иванова не единствената пратеничка на Заев кон која бил дарежлив со доделување привилегии и тендери на семејните фирми. Семејната фирма за производство на електрична енергија на пратеничката Катерина Кузмановска исто така милионски се офајдила од Заев. Во октомври 2017, 4 месеци по доаѓањето на власт на Заев, Митко Кузмановски, сопругот на Катерина Кузмановска влегува како сопственик на фирмата Енерџи Винд од Струмица, фирма основана од неколку бугарски фирми на нивната домашна адреса, кои по влезот на Кузмановски излегуваат од сопственичката структура на Енерџи Винд, обвинува Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-По преземање на фирмата од Митко Кузмановски истата почнува да работи со “полна пареа”. Во 2017 година ЕНЕРЏИ ВИНД остварува ВКУПЕН ПРИХОД од  367.693.367 ден или над 6 милиони евра. Тоа е за 8 пати повеќе од приходите на фирмата пред да биде во сопственост на Кузмановски. ОСТВАРЕНАТА ДОБИВКА за таа година изнесува 3.701.694 денари. Во 2018 година, кога Кузмановска треба да гласа промена на името, семејната фирма уште повеќе се засилува и остварува уште поголем вкупен приход од  760.642.559 ден или над 12 милиони евра. Во овие 2 години (2017 и 2018 год) кога СДСМ е централна власт, сопругот на пратеничката Катерина Кузмановска остварува огромни приходи. Овие приходи таа ги нема пријавено во анкетниот лист за имотната состојба за избраните и именуваните функционери. На 19.10.2018 година само навидум настанува промена на седиштето и сопственичката структура на ЕНЕРЏИ ВИНД. Митко Кузмановски излегува од сопствеништвото, а како сопственик во фирмата влегува БГМК Инженеринг од Струмица чиј управител е Христо Јануцев. Тоа шт боде очи е дека БГМК Инженеринг е основана со седиште на домашната адреса на Катерина и Митко Кузмановски. Освен тоа, еден од основачите на БГМК е и самиот Митко Кузмановски со уште една фирма Земјоделие север ДОО од Плевен, Бугарија. На 29.10.2018 година од сопственик во БГМК излегува Митко Кузмановски. На 05.11.2018 година фирмата ЕНЕРЏИ ВИНД ја превзема фирмата БГМК која е загубар и во 2018 година,  оставрува приход од 12 ден и пријавува загуба од 22.418 ден, истакна тој.

Ѓорѓиевски оцени дека ова е уште еден пример како Заев ја ограбува државата и им носи „живот“ на неговите најблиски соработници.

-Дали излегувањето на Митко Кузмановски е само фрлање прав во очи за да се прикрие сопствеништвото во случај кога и новата фирма е адресирана на домашната адреса на пратеничката на Заев ? Дали огромното зголемување на вкупниот приход на Енерџи винд во 2017 и 2018 година, се должи на политичкиот ангажман на пратеничката Катерина Кузмановска и доаѓањето на СДСМ на власт? Зошто основачкиот влог при преземање на фирмите и остварените приходи на Митко Кузмановски не се прикажани во анкетниот лист на за имотна состојба на Катерина Кузмановска пратеничка во собранието на Република Македонија? Како фирма загубар со остварени 12 ден. Приход во 2018 година, купува успешна фирма која за истиот период остварила вкупен приход од 12 милиони евра?Зоран Заев изминативе години докажа само дека може повеќе да краде, да рекетира и да се богати. Мора да ставиме крај на овој грабеж. Исправи се Македонијо! Одбери обнова, порача тој.

Коронавирус