вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 20
home Вести

Ѓоргиев: Во Македонија не престануваат мотираните судски случаи

Ѓоргиев: Во Македонија не престануваат мотираните судски случаи

Фили Ѓоргиев од ВМРО-ДПМНЕ во своето интервју за унгарскиот портал magyarhirlap.hu говореше за актуелните случувања во државава. Инаку Ѓоргиев е Меѓународен секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

 

1.Дали политичарите на ВМРО се прогонувани во Македонија? Според опозицискиот печат тие се политички затвореници.

 

Фактот што во изминативе две години, СЈО и Јавното обвинителство, подигнаа над 50 тина обвиненија само за поранешни високи функционери, членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ по разни основи, јасно укажува на тоа дека, дека во Република Македонија, се спроведува политички прогон над луѓето блиски на најголемата опозициска партија.

Голем дел од притворените, во притворските установи, се жртви на физички напади од страна на лица обвинети за тероризам, каков што беше случајот со поранешните министри за транспорт и врски и образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Исто така, луѓето кои се обвинети во политички монтирани настани, како оној за преземањето на парламентот од толпа народ кој се случи на 27 април и многу други, беа притворени 2 години без можност да бидат префрлени во домашен притвор. Поточно, само два дена пред објавувањето на пресудата, поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, беше вратен во затвор од домашен притвор под сомневање за бегство од земјата, иако доказите презентирани за ова сомневање беа неосновани. После сето ова тој беше осуден на 18 години затвор.

Сите заедно обвинети “бранители на Уставот”, како што тие се нарекуваа добија севкупно 211 години затвор, почнувајќи од 10 до 18 години, за настанот што се случи таа вечер на 27-ми април.

 

Во меѓувреме, неколкумина “среќни” обвинети во овој настан, кои беа од вредност на Зоран Заев, и неговото фиксирање на промена на уставното име на РепубликаМакедонија, беа амнестирани со посебен закон специјално направен за овој конкретен настан и истите беа “слободни” да гласаат во парламентот за уставните измени, само неколку дена потоа.

Мислам дека ова само по себе ја покажува атмосферата во која се водат овие судски случаи, која е неправедна и недемократска.

 

Сигурен сум дека дури и ако македонските судови се придржуваат кон оваа политички изречена пресуда, тоа нема да биде исто во случај со Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Правдата не може и не смее да биде селективна, затоа што тогаш станува неправда. Ако некој навистина направил какви било злосторства, тој мора да понесе одговорност, но не таа одговорност да биде селективна.

 

2.Дали мислите дека меѓународните тела се свесни за состојбата на јурисдикцијата во Македонија, на пример?

 

Апсолутно се свесни.  Бидејќи забелешките за (не)владеењето на правото во Македонија, се чини со години ја остава земјава пред вратите на ЕУ. Правниот систем постојано е на тапет во извештаите на ЕУ, а во последниот период се инситира да бидат направени темелни, промени кои ќе значат судски реформи и проактивни истраги, обвиненија и конечни пресуди во случаи на корупција и организиран криминал, вклучително на високо ниво, реформа на разузнавачките и безбедносните служби и реформа на јавната администрација.

 

Сегашниот систем во кој владеат различните аршини на практицирање на судската власт, во зависност од партиската припадност, мора да оди во историјата.

Пред правото и правдата сите треба да бидат исти.

Од друга страна, презумпцијата на невиност како и да не постои. Високи владини функционери најавуваат случаи за кривично гонење кои  се случуваат кога треба да биде донесена некаква чувствителна одлука во Парламентот. Притоа, новинарите блиски до владеачката гарнитура многу често ги соопштуваат пресудите пред да заврши судењето, пред да се знае епилогот на судскиот процес. Тешко дека тоа може да се случи, ако владее правото.

Врв на се е играњето игра на моќ, изразена и преку безбедносниот апсект на притворените во македонските затвори. И по правило нема епилог на истрагите за тоа кој направил пропусти, кој не води сметка за безбедноста на притворените. Засега е така, но верувам не за долго.

 

3.Каква меѓународна поддршка ви е потребна?

 

Република Македонија има потреба од помош или подобро речено поддршка во прифаќањето на европските вредности, преку  имплементација на искуствата и знаењата на земјите кои се членки на Унијата, со се што оди во тие релации. Неспорно е дека и позицијата и опозицијата се определени за НАТО и ЕУ перспективите, но фактите велат дека уште многу треба да биде направено. За да се оди напред не се клучни само пари, туку многу повеќе знаење и практична примена на законодавството. Со години наназад беше потенцирано дека законодавството како нормативни решенија се доближува до стандардите на ЕУ, но во практиката се случуваат крајно недоследности, да не употребам потежок збор. Накусо, практиката не соодветствува на нормативните решенија. Тешко дека во некоја земја членка не ЕУ ќе се одржи референдум за клучно прашање, притоа да не биде постигнат законскиот цензус, а да биде прогласен за успешен. Кај нас тоа и се случи.

На економски план неизоставно е потребно прифаќање на новите модели на организација, стандардите и знаењата за клучен развој. Образованието мора да добие нова насока, зашто според Шангајската листа во Реублика Македонија нема ниеден универзитет што е во првите илјада во светот.

 

4. Какво е вашето мислење за политиката на Унгарија кон Македонија?

 

Исклучително позитивно. Накусо така би ја отценил континуираната поддршка што мојата земја ја добија од пријателска Унгарија и особено од водството во вашата земја. Економските потенцијали на Унгарија упатуваат на можноста да се работи многу поинтензивно на тој план, зашто таквата комуникација со себе носи и поквалитетен живот за нас.

На партиски план, мојата партија  (партијата во која членувам) постојано ја има поддршката од ФИДЕС што може најексплицитно да се види на европско ниво во ЕПП.

И не само тоа и не само таму. Македонски студенти добиваат низа бенифиции за студирање на престижните факултети во Унгарија што е особено значење за надминување на состојбите за кои зборував претходно.

Македонската економија е мала, со самото тоа лесно пропулзивна. Кога би постоела потесна соработка на економски план со компаниите од Унгарија, сигурно директно би се влијаело и на глобалната слика кај нас. Трансферот на капитал и знаења е клучен за мојата земја,  а тоа е водич во иднината. Посилната комуникација меѓу стопанските субјекти што има силна поддршка од Владата на Унгарија, убеден сум дека ќе донесе додадена вредност во континуирано добрите односи на Будимпешта со Скопје.

 

Коронавирус