сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 62
home Вести

Ѓоргиев: Гоце Делчев е одбран како еден од првите предлози од Бугарија, затоа што е вграден во македонското ткиво

Ѓоргиев: Гоце Делчев е одбран како еден од првите предлози од Бугарија, затоа што е вграден во македонското ткиво

„Делчев е само едно од прашањата. Не е случајно одбран и зошто толку прашина се крена околу тоа прашање, тоа е токму заради фактот што Делчев е фронтмен на македонското револуционерно движење од пред илинденскиот период. Човек кој што во меѓувреме уште додека беше жив практично стана најпочитуваната личност меѓу активистите на македонското револуционерно движење. И човек неоспорен бранител на самостојноста и самобитноста на македонското револуционерно движење“, нагласи Ванчо Ѓоргиев , член на мешовитата комисија со Бугарија, при своето гостување во емисија на Телевизија Алфа.

Ѓоргиев додаде дека Гоце Делчев уште додека беше жив станал мит и инспирација за многу соборци.

„Делчев е мит. А, во случајот не треба да зборуваме за мит, но издигнат на ниво на мит, тој е реална личност, историска личност, човек кој што бил жив, кој што делувал меѓу сите. Тој е одбран како еден од првите предлози од страна на колегите од Исток, затоа што Делчев е вграден во македонското ткиво, во македонскиот код. Делчев е дел од нашата химна. Делчев е инспирација како што реков на патриотизам, на македонски патриотизам“, нагласи Ѓоргиев.

Ѓоргиев спомена дека не случајно заседанието на АСНОМ е одржано токму на Илинден, за да се покаже континуитетот за македонската борба за државност.

„Делчев е најпочитуваниот лик во Македонија, меѓу македонскиот народ. И од тука за тоа е толкаво инсистирање за Гоце Делчев,предлогот од источната страна, од Бугарија“, рече Ѓоргиев.

Коронавирус