вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 18
home Вести

Ѓорги Спасов: Владата не може да задржи ни нацртана овца

Ѓорги Спасов: Владата не може да задржи ни нацртана овца

Па прво да ви кажам дека бегството на Груевски јас го доживеав доста драматично. Морам да ви кажам исто како што мислам дека може да се повлече една паралела со она што на Македонија и случуваше 1995 година со атентатот на Киро Глигоров. Помеѓу овие два случаи се случуваат многу слични консенквенци и пораки што можеби некој сака да ги прати на Македонија со ова бегство на Груевски, појаснуваше Ѓорѓи Спасов, политички аналитичар и бивш амбасадор при гостување на 1ТВ.

Спасов образложуваше дека првата работа во 1995 година е кога Македонија веќе беше определена да влезе за НАТО и за ЕУ, и после состанокот на Киро Глигоров со Милошевиќ се случи атентатот во Македонија. Тогаш требаше да се открие кој можеше да биде нарачател на атентатот, второ кој му помогнал за сета ова работа и се шпекулираше соучеството на домашните сили, и трета работа кој би бил извршителот. Долго време се разговараше на таа тема меѓутоа клучната порака беше кој имал интерес од правење на еден таков злочин во Македонија. И дали тој злочин не беше насочен во насока да ја спречи македонската желба за приклучување кон НАТО и ЕУ. Во врска со бегството на Груевски, денес треба да се запрашаме кој имаше интерес во Македонија, кој имаше интерес на глобалната политичка сцена од едно вакво спектактуларно бегство.

-Со оглед на тоа што такво бегство не можел да го организирал сам, не можел да го организира без поддршка и не можел да го организира без нарачатели, и не можел да го изведе. Отаму според мене со оглед на тоа што тој пребега откако му бее изречена пресудата. И според мене постојат две можни сценарија за таквото негово бегство. Едното е некој кој што му помогнал на Груевски да побегне од земјата сака нас да ни порача дека сегашната власт е неспособна. Дека сегашната власт не е способна да задржи ни нацртана овца, а камоли ли осуден бивши премиер. И бидејќи таа не е способна не заслужува ни да биде членка на НАТО и ЕУ. Таквата идеја да нарачателите е всушност да го зголеми гневот, незадоволството на народот, да ја заниша довербата во сегашната влада и да може со организирање на евентуални протести да добие до тоа да се спречи сето она што го подготвува Македонија за во влезот во НАТО и ЕУ, посочи Спасов со цел да ја одбрани неспособната влада на Заев.

Коронавирус