четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 17
home Вести

Ѓорчев: Заев и СДСМ навистина ги разочараа Албанците, ќе ја вратиме надежта во Македонија

Ѓорчев: Заев и СДСМ навистина ги разочараа Албанците, ќе ја вратиме надежта во Македонија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, синоќа на Фејсбук напиша:

„Денес УБЕДЛИВО НАЈЧИТАНА ВЕСТ на реномираниот портал на албански јазик Zhurnal.mk е веста за мојата слика со Зулфи од Норово, Албанец и активист на ВМРО-ДПМНЕ, како и РАЗОЧАРУВАЊЕТО на Албанците од Заев и СДСМ.

Веста достигна 30.000 читања и сеуште РАСТЕ читаноста. Да, 30.000 читања! Тоа покажува 2 работи:

  1. Заев и СДСМ навистина ги разочараа Албанците. Многу ветија, а НИШТО не исполнија.

2.  ВМРО-ДПМНЕ испраќа ДОБРИ и ПОЗИТИВНИ пораки кон СИТЕ граѓани на Македонија. Албанците се наши комшии и сограѓани. Сакаме подобар живот за СИТЕ.

Ќе ја вратиме НАДЕЖТА во Македонија“-порача Ѓорчев.

Коронавирус