недела, 27. септември 2020. Вести денес: 108
home Вести

Ѓорчев: Заев и СДСМ директно удрија врз пензионерите, се крати растот на пензиите

Ѓорчев: Заев и СДСМ директно удрија врз пензионерите, се крати растот на пензиите

Владата на Зоран Заев и СДСМ апсолутно ги разочарува сите категории на граѓани, ги разочарува младите, ги разочарува старите, ги разочарува и вработените и невработените. Откако ги покачија даноците и давачките кон државата, донесоа закон за зелени пазари кои што ќе ги остави поголем дел од пазарџиите без извор на егзистенција, сега СДСМ удри повторно и по пензионерите, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Секогаш кога СДСМ е на власт удира по пензионерите. После законските измени со кои што им забрани на пензионерите да работат на пазарите и да заработуваат дополнителни приходи, сега со измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, СДСМ повторно го намалува покачувањето кое што е законско покачување на пензиите. СДСМ и Зоран Заев повторно удираат по една од најранливите категории на граѓани. Пензионерите годинава со измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, ќе земаат помала пензија отколку што ќе земаа со претходното законско решение кое што го донесе ВМРО-ДПМНЕ. Пензиите повеќе нема да растат како последица или како следствено на просечно исплатената плата за сите вработени во Република Македонија во висина од 50%. Тоа сега се укинува и се анулира, рече Ѓорчев и додаде:

„Уште еднаш пензиите со оваа влада на СДСМ и Зоран Заев повеќе нема да растат како резултат на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија. Значи се анулира и се крати зголемувањето кое што требаше да го имаат пензионерите а кое што беше законско решение на ВМРО-ДПМНЕ. Сега СДСМ тоа го укинува. Удираат по младите, удираат по пензионерите, со поголемите даноци удираат по сите, по вработените, удираат и по невработените, удираат со зголемената цена на дизелот по земјоделците,  нема категорија која што не е засегната. СДСМ повторно ја казнува онаа генерација на граѓани кои што останаа без работа за време на криминалната транзиција на СДСМ. Истите транзициони политичари, истата структура, истата гарнитура која што ги остави без нивните фабрики, без нивните работни места, сега ги остава со помали и помали пензии“.

Пензионерите, според Ѓорчев, заслужуваат поголемо внимание.

-Пензионерите заслужуваат зголемување на нивните пензии, како што младите заслужуваат шанса, повеќе вработувања, повеќе фабрики и повеќе инвестиции. Никој во Македонија не ја заслужува оваа најнеспособна гарнитура во историјата на Република Македонија. Уште еднаш бараме СДСМ да води грижа за пензионерите, бараме да останат истите законски решенија кои што важеа за пензионерите со ВМРО-ДПМНЕ, да си растат пензиите како што си растеа претходно затоа што сега на пензионерите им се анулираат и им се кратат законските зголемувања на пензиите кои што требаа да им се случуваат секоја година.

Коронавирус