вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 78
home Вести

Ѓорчев за Журнал: Економското фијаско на Заев и неговите 30 министри доведе до невидено иселување и егзодус

Ѓорчев за Журнал: Економското фијаско на Заев и неговите 30 министри доведе до невидено иселување и егзодус

Пратеникот на најголемата опозициска партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во емисијата “Инсајд” која се емитува на новинската агенција “Журнал“ зборуваше за годината која ја оставивме зад себе и неговите очекувања за следната година.

Тој упати жестоките критики на актуелната влада околу економските политики за 2018 година. Ѓорчев вели дека сите граѓани се разочарани од оваа влада, бидејќи економските резултати се нула.

– Да, оваа година, 2018-та е година со измешани слики. Влеговме со многу оптимизам, многу голем, дека 2018 година работите ќе одат напред, економијата ќе се движи, итн итн.. Но, мислам дека главното разочарување на сите граѓани, од сите етнички заедници, Македонците и Албанците, Турците и сите други, мислам дека главното разочарување е во економијата. Од друга страна, ова 2018-та година беше тотално разочарување и за голем број на граѓани на Република Македонија, бидејќи за прв пат по многу години и децении беше кажано дека уставното име на Република Македонија ќе се промени за внатрешна употреба “, истакна Ѓорчев.

Тој меѓу другото рече дека не смееме да заборавиме на она што ни е секојдневен проблем во Македонија, кој можеби и не е толку актуелен, а тоа е огромната миграција и егзодусот на Македонија кон сите, поради економската катастрофа.

– Во оваа 2018-та година, имаме најмал раст во Европа. Види, имаме тотално фијаско на целиот економски тим. Имаме фијаско на премиерот Заев, кој воопшто не се занимава со економијата и кога се занимава со економијата, повеќе се грижи за семејството и сопствените бизниси отколку за доброто на граѓаните. Потоа тотално фијаско на дуото Кочо Анѓушев и Крешник Бектеши, министрите за економија и финансии кои немаат поим што да прават со економијата. Немаат идеи како да донесат некоја фабрика, некоја инвестиција да се вработат луѓето”, рече Ѓорчев.

Коронавирус