петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 112
home Вести

Ѓорчев за демографската рецесија: Катастрофален втор квартал со 10,6% помалку бебиња и 7,3 % повеќе умрени

Ѓорчев за демографската рецесија: Катастрофален втор квартал со 10,6% помалку бебиња и 7,3 % повеќе умрени

Со оваа власт, Зоран Заев и неговите 28 министри, Македонија буквално демографски и биолошки умира. Македонија исчезнува како никогаш до сега, а бројките стануваат се полоши. Вчера излегоа податоците од вториот квартал за 2019 година, второто тримесечие, април, мај, јуни за бројот на новородени деца во Македонија, и оваа бројка е најлоша во историјата на Македонија откако има статистика, бројки и завод за статистика на Македонија, истакнува Влатко Ѓорчев, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Заводот за статистика вчера ни порача и ни соопшти дека во второто тримесечие, во вториот квартал падот на родени бебиња во Македонија е фрапантни 10,6%. Тоа е огромна демографска рецесија. Тоа е рецесија невидена во историјата на Македонија. Тоа значи дека Македонија се иселува, тоа значи дека градовите и селата ни се празнат. Тоа значи дека за жал Македонија станува земја без народ поради катастрофалните анти – семејни, анти – човечки политики на Зоран Заев и неговите 28 министри. 2018, минатата година, 2018-та беше најлоша демографска година во историјата на Македонија. Е од таа најлоша 2018 година како резултат на политиките на Зоран Заев кога се родија само 21.300 бебиња сега имаме ситуација од таа најлоша демографска година да имаме падови од 10,6%, рецесија од 10,6%, посочо Ѓорчев.

Тој потенцира дека во економијата кога ќе падне бројката 1,2,3 или 4 проценти во рецесија се вклучуваат сите аларми и кризни мерки.

-Сега со оваа влада, со овој егзодус нам ни се случува рецесија во еден квартал од 10,6%. Зоран Заев воопшто тоа не го допира. Истовремено имаме во второто тримесечие 2019-та година сега, имаме зголемување на бројот на умрените од 7,3%. И тоа изнесува 4.928 лица. Значи внимавајте за која дискрепанца зборуваме, гледајте за која напредна фаза за жал колку тоа болно и да звучи но мораме да го констатираме на демографско биолошко исчезнување, зборуваме денес во Македонија. Со Зоран Заев, Венко Филипче и Мила Царовска, пад на родените бебиња од 10,6 проценти и раст на умрените од 7,3 проценти.     Ако тоа не е катастрофа тогаш не знам што е, вели пратеникот.

Ѓорчев истакнува дека тоа е физички импириски доказ дека оваа Влада на Зоран Заев не донесе како што велеа „Живот во Македонија“, туку иселување, егзодус и заминување.

-Но и министерка за странски инвестиции која што пет минути дава интервју и на пет прашања, една инвестиција не знае да наброи која што ја донела во Македонија. Ниту таа, ниту било кој од министрите. Да, за жал се случува младите да си заминуваат. Си заминуваат затоа што такви аналфабети, толку неспособни луѓе станаа министри во Владата на Зоран Заев. Да сето тоа е причински последички. Имате министерка за странски инвестиции која што е три години министер, на која што името не и го знаеме, која што една инвестиција не донесе во Македонија, и да благодарение на тоа имаме рецесија во бројот на родени бебиња во Македонија од фрапантни и поразителни 10.6%. Стануваме уште еднаш ќе речам земја без народ. Ќе ги видите бројките утре, задутре, ден потоа. Ќе дојде првиот училишен ден, празни се училиштата, не може паралелки да се направат, истакнува Ѓорчев.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ оценува дека тоа е поврзано со вакви, како што рече, неспособни министри на кои што имињата не им ги знаеме.

Кои што пет минути не можат да набројат една фабрика што донеле. И една работа што сработеле. Ете тоа е состојбата во која што живееме. Тоа се предизвиците со кои што се соочуваме.  Ако сето ова мора да го сумирам во триесетина секунди или четириесетина секунди за еден краток ТВ прилог колку што објективно е времето за да се соопшти на македонската јавност е следно, а тоа е дека фактите се немилосрдни. Факт е дека со владата на Зоран Заев и неговите 28 министри кои што не можат да набројат една инвестиција која што ја донеле после три години нивна работа и народ што ги плаќа, имаме ситуација да имаме најлош квартал во историјата во Република Македонија. Пад во бројот на родени деца во фрапантни 10.6% и раст во бројот на умрените од 7.3%. Поради катастрофата во здравствениот систем која што ја гледаме на дневна основа. Ете таа ситуација е која што ја имаме. Мила Царовска ја укина мерката за трето дете и гледаме дека има се помалку и помалку третородени деца. Гледаме дека има се помалку бракови, се повеќе иселување, се повеќе заминувања и за сето ова што и го прави во Македонија. На страна другите прашања, има еден куп  други прашања за кои што и Заев, и Царовска и другите имаат и тоа како одговорност, истакнува Ѓорчев.

За крај, тој порачува: За ова прашање поврзано со иселувањето, со демографијата, со наталитетот, со губењето на училиштата, Зоран Заев, Венко Филипче и Мила Царовска имаат историска одговорност.

Коронавирус