среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Вести

Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ со голема и убедлива поддршка ќе победи на изборите, а коалицијата со Беса е сламка за спас на СДСМ

Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ со голема и убедлива поддршка ќе победи на изборите, а коалицијата со Беса е сламка за спас на СДСМ

Долгогодишниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев истакна дека неговата партија ќе биде апсолутен победник на престојните парламентарни избори, и како таков постизборно ќе преговара со албанските партии за формирање на парламентарно мнозинство и владина коалиција.
Тој во емисијата “Клик Плус“ на телевизија Тв21 додаде дека од нивниот опонент се апсолуно свесни дека нивната популарност драстично е намалена и кај Албанците и кај Македонците, и знаат дека не мозат да победат на изборите и затоа, и самиот Заев а и челниците на СДСМ изјавуваат дека по исборите ке коалицираат и со други партии за формирање на парламентарно мнозинство.

– ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да коалицираа со албанска партија, но она што треба да го видиме во меѓувреме и што е најважно се изборните резултати. Во тој дел, коалиционите преговори ќе бидат после изборите. Таков ќе биде случајот и со СДСМ, нив им е јасно дека неможат да состават мнозинство вака како што ги имаат бројките. Факт е дека нивната популарност е значително опадната и кај Македонците и кај Албанците и кај останатите граѓани од другите етнички заедници. Со големата и убедлива поддршка која што ќе ја добиеме од граѓаните на Македонија, од сите националности, ќе бидеме во позиција да имаме ефикасни преговори после 12 април, да составиме Влада и после тоа едноставно да ги поправаме состојбите, рече Ѓорчев.

Ако ги гледате изјавите и на Заев и на првенците на СДСМ, тие велат и свени се дека после изборите ќе коалицираат со уште партии, затоа што се свесни, додаде Ѓорчев, дека ваков каков што е СДСМ во моментов сигурни се дека ќе доживеат пораз.

Ѓорчев констатира дека и поради овие причини СДСМ на поранешниот премиер, Зоран Заев влезе во предизборна коалиција со Баса, која е сламка за спас на СДСМ а за Беса и текако е добра затоа што има доста добитни позиции на листите за пратеници, која сепак нема да им ја донесе нивната посакувана победа, затоа што на изборите ќе победи ВМРО-ДПМНЕ.

– Од тие причини е и оваа предизборна коалиција со Беса, која што е добра за Беса, затоа што имаат добиено доста добитни позиции, апсолутно е сламка за спас на СДСМ затоа што сподер сите анкети, според сите истражувања кои што ги имаме и ние и СДСМ, а генерално се чуствува и атмосферата во јавноста, имаме драпатичен пад на СДСМ кај Албанците. Ако на минатите избори СДСМ сам како партија освои неколку илјади гласови, а во моментов, сега популарноста на СДСМ кај Албанците е драстично намалена, заклучи пратеникот Владимир Ѓорчев.

Коронавирус