среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Владата на СДСМ досега потроши 5 милијарди евра, народот е исцеден, а буквално ништо не е направено

Ѓорчев: Владата на СДСМ досега потроши 5 милијарди евра, народот е исцеден, а буквално ништо не е направено

Со жал можам да констатирам дека го имаме најголемиот, најобемниот буџет во историјата на Република Македонија од фрапантни 3.7 милијарди евра. Ниту една влада, ниту една гарнитура не го исцедила стопанството толку многу, не ги исцедила граѓаните волку многу за да и платат на оваа влада да троши, а ништо да не гради и ништо да не прави, нагласи Влатко Ѓорчев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на седницата во Собрание на Република Македонија.

Ѓорчев образложи дека му е жал што наназад година ипол, две оваа влада и оваа гарнитура има потрошено повеќе од 5 милијарди евра, а ништо не е направено. Ниту една шајка не е закована, една бандера не е поставена.

Можам да констатирам дека за време на расправата на Комисијата за финансирање и буџет, владата на Зоран Заев и неговиот министер Драган Тевдовски не прифатија ниту еден амандман поднесен заеднички од поголем број на опозициски пратеници со исклучок на неколку минимални амандмани кои што заедно имаат минимална вредност, појасни Ѓорчев.