среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 136
home Вести

Ѓорчев со шефот за надворешни работи на ЦДУ Венгер: ЦДУ детално ќе ги следи состојбите во Македонија со политичкиот прогон и слободата на медиумите

Ѓорчев со шефот за надворешни работи на ЦДУ Венгер: ЦДУ детално ќе ги следи состојбите во Македонија со политичкиот прогон и слободата на медиумите

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев оствари средба во седиштето на ЦДУ со шефот на бирото за надворешни работи на владејачката ЦДУ Бертил Венгер.

На средбата Ѓорчев го информираше Венгер за политичкиот прогон во Македонија, затворените пратеници, најниската стапка на еконмски раст во Европа, нарушената слобода на медиумите и за партизацијата на институциите од страна на СДСМ.

Беше нагласено дека германската ЦДУ во наредниот период внимателно и детално ќе ги следи актуелните состојби во Македонија, особено за спомнатите теми.

Двајцата соговорници изразија обострано задоволство за долгогодишната соработка на ВМРО-ДПМНЕ и германската ЦДУ како сестрински партии, кои заеднички членуваат во Европската народна партија (ЕПП).

Ѓорчев и Венгер се согласија дека во наредниот период треба да се интензивира и продлабочи соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ, како дел од одличните односи помеѓу Македонија и Германија, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус