среда, 18. јули 2018. Вести денес: 136
home Вести

Ѓорчев се сретна со претседателот на Германија, Штајнмаер и повеќе германски пратеници во Бундестагот

Ѓорчев се сретна со претседателот на Германија, Штајнмаер и повеќе германски пратеници во Бундестагот

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев како шеф на делегацијата на Собранието на Република Македонија при парламентарното Собрание на ОБСЕ учествува на годишното собрание во Берлин.

Во рамките на собранието на ОБСЕ пратеникот Ѓорчев се сретна со пратениците во германскиот Бундестаг Фолкмар Клајн (ЦДУ), Дорис Барнет (СПД), Михаел Линк (ФДП) и Андреј Хунко (Линке).

Во своето обраќање на собранието во германскиот Бундестаг пратеникот Ѓорчев се осврна на политичкиот прогон во Македонија и политичките затвореници во Македонија, недостатокот од слобода во медиумите, лошите економски состојби во Македонија и повеќе други актуелни прашања.

Истите теми беа покренати и образложени за време на билатералните средби и разговори кои ги одржа пратеникот Ѓорчев, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.