среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 29
home Вести

Ѓорчев се сретна со министрите за надворешни и внатрешни работи на Велика Британија, како и повеќе пратеници

Ѓорчев се сретна со министрите за надворешни и внатрешни работи на Велика Британија, како и повеќе пратеници

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев ја продолжи својата посета на Велика Британија во рамките на годишната конвенција на владејачката Конзервативна партија во Бирмингем.

Ѓорчев оствари средба со министерот за надворешни работи Дзереми Хант, при што го информираше за последните политички настани во Македонија. Воедно, Ѓорчев се заблагодари за партнерството и поддршката која што ја има Македонија од Велика Британија.

Во рамките на конференцијата, Ѓорчев кратко се сретна со Сајид Јавид, министер за внатрешни работи на Велика Британија, кој на конференцијата имаше едно од клучните обраќања, како и министерот за здравство, Мет Ханкок.

Пратеникот Ѓорчев оствари билатерални и поединечни средби со пратениците Алекс Схелбрук, Алистер Бурт и Ендрју Розиндел.

На овие средби Ѓорчев ги информираше британските парламентарци за последните политики случувања во Македонија во повеќе области, како и разочарувањето на македонските граѓани од неостварените ветувања и владините политики.

Ѓорчев истакна дека ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на евро-атлантските интеграции и дека ќе продолжи партнерството, пријателството и сојузништвото помеѓу Македонија и Велика Британија.

На крајот од претстојот, пратеникот Ѓорчев присуствуваше на годишното обракање на премиерката Тереза Меј.

Коронавирус