среда, 22. мај 2019. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: СДСМ во моментов со Пендаровски вреди 240.000 гласови, а со Заев уште помалку

Ѓорчев: СДСМ во моментов со Пендаровски вреди 240.000 гласови, а со Заев уште помалку

Ако се одземат гласовите на 30 коалициони партнери, јасно е дека СДСМ во моментов со Пендаровски вреди 240.000 гласови, а со Заев уште помалку, анализира членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

Неговиот Фејсбук статус ви го пренесуваме во продолжение: 

СДСМ вчера освои само 240.000 гласови. Зошто и како?

Пендаровски освои 320.000 гласови. Во тие гласови има околу 80.000 гласови од коалиционите партнери:

– ДУИ; ДПА и Алтернатива; ЛДП; ДОМ и ДС; НСДП; партии на етничките заедници; и други помали партии.

Ако се одземат гласовите на 30 коалициони партнери, јасно е дека СДСМ во моментов со Пендаровски вреди 240.000 гласови, а со Заев УШТЕ ПОМАЛКУ.

Во СДСМ Пендаровски стоеше најдобро на анкетите и НЕГОВОТО име беше на ливчето. Тој донесе околу 20.000 “дополнителни”, “свои” гласови.

БЕЗ Пендаровски на ливчето, со Заев како претседател, СДСМ денес вреди околу 220.000 гласови. Приближно, тоа е бројот на гласови кои ги доби Радмила Шекеринска во 2008 година кога нејзиниот СДСМ беше поразен 63 спрема 27 пратеници.

Гласовите за Заев и СДСМ дополнително ќе НАМАЛУВААТ поради КАТАСТРОФАЛНОТО владеење на СДСМ на централно и ЛОКАЛНО ниво.

Доаѓаат промените!

Македонија ќе добие нова Влада предводена од Hristijan Mickoski и ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО.