четврток, 27. јуни 2019. Вести денес: 18
home Вести

Ѓорчев: СДСМ и нивната политика на неразбрани трговци ги рушат македонските позиции

Ѓорчев: СДСМ и нивната политика на неразбрани трговци ги рушат македонските позиции

Вие со вашата политика на неразбрани трговци ги рушите македонските позиции што беа грдени 200 години, рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ обраќајќи се на другиот гостин Хари Локвенец од СДСМ кои беа дел од емисијата „Само Вистина“ на телевизија Канал 5.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани Ѓорчев рече: „ВМРО-ДПМНЕ заедно со огромното мнозинство на граѓани кои не ја овластија Владата да го менува името“.

-Дополнително процедурата за уставни измени е компромитирана, полна со уцени, неправди, лавиринти…, рече Ѓорчев укажувајќи на тоа дека никогаш немало ваква ситуација да следат опомени кога се користи името Македонија, македонски.

-Добиваме заушки од околните земји ако два пати кажеме Македонија, потенцираше Ѓорчев.