сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: СДСМ ги разочара Албанците, а локалната коалиција со Алијансата и БЕСА во Дебар е добар сигнал

Ѓорчев: СДСМ ги разочара Албанците, а локалната коалиција со Алијансата и БЕСА во Дебар е добар сигнал

Интегрален текст од Фејсбук статусот на пратеникот Влатко Ѓорчев

Поздрав до СИТЕ граѓани на Дебар, честитки за новото мнозинство во Дебар. Им посакувам да работат за доброто на СИТЕ граѓани, од сите националности. Ова покажува неколку работи: Прво, РАСТЕ незадоволството од СДСМ. МНОГУ ветија, а НИШТО не остварија.

Владеењето на СДСМ во Дебар е еден ГОЛЕМ дебакл. И кадровски, и програмски. Второ, ВМРО-ДПМНЕ има направено МНОГУ за Дебар: – патот за Центар Жупа и патот за Могорче – патот за Струга (нов асфалт) – патот Дебар – Бошков Мост – нов граничен премин кај Џепиште – реконструкција на училиштата во Дебар – 2 спортски сали – 2 спортски терени (повеќенаменско и тениско) и многу други проекти. Требало уште повеќе, но МНОГУ се направи со владите на ВМРО-ДПМНЕ.

Сега со СДСМ нема буквално НИШТО, Дебар е тотално заборавен. Заев и СДСМ ги заборавија СИТЕ градови и општини. Една шајка НЕ е закована, една бандера НЕ е направена. Една голема НУЛА во цела Македонија. Трето, се гледа ПАДОТ на поддршката на СДСМ кај Албанците. Заев и СДСМ целосно ги РАЗОЧАРАА Албанците. Функционерите на СДСМ станаа недостапни и арогантни, проекти НЕМА, а младите се иселуваат. Само реторика и ветувања, БЕЗ никакви конкретни дела и проекти. Четврто, локалната соработка на ВМРО-ДПМНЕ со Алијансата на Албанците, Беса и ПЕИ е добар сигнал.

Тоа е мултиетничка коалиција на луѓе кои сакаат да направат нешто добро за Дебар. Албанците се наши комшии и сограѓани, треба заедно работиме да биде подобро за сите. Петто, новото мнозинство има шанса да ја врати надежта во Дебар. Тоа е шанса заедно да соработуваат и Македонците, и Албанците, и Турците, и сите останати. Заедно да работат и муслиманите, и христијаните. Честитки и среќно, поздрав до сите граѓани на Дебар.

Коронавирус