недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: СДСМ да го повлече Законот за јазици- инсистираме да имаме поголем опфат на употреба на јазиците на помалите етнички заедници во РМ

Ѓорчев: СДСМ да го повлече Законот за јазици- инсистираме да имаме поголем опфат на употреба на јазиците на помалите етнички заедници во РМ

Со жалење можеме да констатираме дека владејачката коалиција предводена од СДСМ досега не ги слушна, немаше слух и немаше сенс за барањата, апелите на ВМРО-ДПМНЕ, но и огромното мнозинство на граѓани на Република Македонија како и огромен број на експерти кои што бараа повлекување на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние би ја искористиле оваа прилика како ВМРО-ДПМНЕ од името на граѓаните на Република Македонија уште еднаш да ја повикаме владејачката коалиција како и СДСМ да го повлечат законот за јазици. Затоа што станува збор за закон кој е далекусежен, закон кој што е комплексен и закон кој што ги засега огромен број институции во Република Македонија. Од тие причини наредниве часови и денови апелираме владејачкото мнозинство предводено од СДСМ да го повлече овој закон, да се формираат работни групи, да се консултира експертската јавност, да се видат меѓународните искуства и во таа атмосфера на взаемни консултации, во таа атмосфера на политички дијалог да видиме кои се решенијата кој што се најдобри, рече Ѓорчев и додаде:

„Би сакал да нагласам една работа ние сме едноставно подготвени да дискутираме за зголемен опфат и употреба на јазиците во Република Македонија. Истовремено не сакаме да се носат решенија кои што се набрзина подготвени. Не е добро во Република Македонија само во име на  формирање на одредена политичка и партиска коалиција во цајтнот да се прават закони кои што се лоши, закони кои што се недоречени, закони кои што огромен број на луѓе не знаат како да ги толкуваат, ниту пак можат да ги разберат“.

Значи, потенцираше тој, уште еднаш ајде заеднички преку дијалог, преку консултации, преку взаемна соработка меѓу политичките партии да направиме текст кој што ќе биде заеднички прифатлив, текст кој што ќе биде добар за граѓаните, текст кој што ќе значи унапредување на правата, но истовремено и текст кој што ќе биде во рамки на Уставот на Република Македонија.

-Исто така особено би сакал една работа да упатам а тоа е следнава: ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ бара и инсистира во Законот за употреба на јазици да се прошири употребата на помалите етнички заедници во Република Македонија, односно Турците, Бошњаците, Србите, Ромите, Власите и останатите. Значи потребен ни е закон кој што ќе ги афирмира правата на сите во Република Македонија, а не кој што ќе носи кон флуаризација или пак разни толкувања кои што овие деновиги слушам во јавност. Значи уште еднаш ВМРО-ДПМНЕ бара и инсистира да имаме поголем опфат на употреба на јазиците на помалите етнички заедници во Република Македонија, односно Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите оние кои живеат во Македонија, истакна Ѓорчев.

Коронавирус