понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 159
home Вести

Ѓорчев: Продолжениот притвор го отежнува политичкиот дијалог, затворените треба да бидат со своите семејства

За Ѓорчев е најважно е оние луѓе кои се неправедно затворени кои имаат свои семејства, синови, ќерки, мали деца да бидат ослободени.
Ѓорчев: Продолжениот притвор го отежнува политичкиот дијалог, затворените треба да бидат со своите семејства

Ѓорчев во своето кратко интервју за Канал 5 телевизија потврди дека дијалогот помеѓу власта и опозицијата ќе продолжи, но дека продолжениот притвор на 29 лица обвинетите за настаните од 27-ми април ја отежнува комуникацијата и политичкиот дијалог.

Тој истакна дека овие луѓе за новогодишните празници треба да бидат дома со своите семејства, а не во притвор.

Според Ѓорчев, политичкиот прогон кој се случува во Македонија не е во корист на никого во државата, раката од опозицијата е подадена, но тоа треба да биде двонасочна улица од едната и од другата страна.

Пратеникот ја коментираше и изјава на Заев во која тој тврди дека нема можност да влијае врз судската власта. Тој вели дека Заев има доволен број на механизми да ја промени состојбата на овие луѓе. Меѓу другото опозицијата бара да се прифати предлог закон за амнестија на обвинетите за настаните од 27 април, за дојде до нормализација на политичкиот дискурс.

-Овој закон би довел до намалување на тензиите во државата, потенцираше Ѓорчев.

-Токму поради тоа и новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ ја подал раката на опозицијата, а сега на ред е власта која треба да одговори со дела, а не зборови, вели Ѓорчев.

За Ѓорчев е најважно е оние луѓе кои се неправедно затворени кои имаат свои семејства, синови, ќерки, мали деца да бидат ослободени.

Коронавирус