четврток, 5. август 2021. Вести денес: 99
home Вести

Ѓорчев: Потребно е да се направи платформа во која ќе се знае која е суштината на нашиот однос кон Бугарија

Ѓорчев: Потребно е да се направи платформа во која ќе се знае која е суштината на нашиот однос кон Бугарија

Марјан Ѓорчев, стратешки партнер на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и советник на партијата во своето гостување во емисијата „24 Анализа“ говореше за односите и проблемите помеѓу Бугарија и Македонија и посочи дека потребно е да се направи платформа во која ќе се знае која е суштината на Македонија во однос спрема Бугарија.

-Треба да се седне и да се направи платформа која е суштината на нашиот однос кон Бугарија, според мене безбедносниот и сигурносниот аспект регионот да биде безбеден. Македонија има еден силен сојузник, од 2007 година има декларација за стратетегиско партнерство со САД, тоа е нашиот најсилен поддржувач не само од сега. Значи ние имаме еден силен поддржувач и на таа база на сигурен регион, безбеден регион, регион во кој што владее правото, регион во кој што се бориме против организираниот криминал, корупцијата, да градиме таков приспат кон Република Бугарија, а ова другото кое претствува билатерален спор да го надградуваме со помош на она што претставува една европска, да се повикаме на она што ние го направивме во Западен Балкан, рече тој во своето гостување.

Ѓорчев укажа дека треба да се направи една декларација која ќе ги брани националните интереси, а од друга страна ќе се оделотвори во она што претствува концепт на НАТО и ЕУ.

-Ако така пристапиме со една широка платформа кај претседателот на државата да дојдат сите партии пред да влеземе во Собранието, ние може да направиме една декларација која што ќе биде и космополитска која ќе ги брани националните интереси, а од друга страна ќе се оделотвори во она што претставува концепт на НАТО, концепт на ЕУ и стандарди. Значи тоа ние треба да го направиме, а можеме да го направиме, додаде тој во своето гсотување.

Коронавирус