понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев после 4 часовна дискусија го спречи милионскиот бизнис на Заеви, законот за дрога не помина во Собрание

Ѓорчев после 4 часовна дискусија го спречи милионскиот бизнис на Заеви, законот за дрога не помина во Собрание

Пратеникот Ѓорчев и останатите пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по 4 часа дискусија го спречија законот за опојни дроги и психотропни супстанции предложен од владата на Зоран Заев.

Тој истакна дека овој закон не само што е штетен по здравјето на граѓаните, туку и со него се прави обид да се злоупотребат инситуциите на системот за лично богатање на фамилијата на Заеви.

-Компаниите на фамилија Заеви „Мам“ од Свети Николе и Фарма медика канабис од Валандово, како и фирмата Канабис ОНЕ ДОО Струмица на Ване Андреев, адвокат на Зоран Заев од Струмица, посочи Ѓорчев.

Обидот да се протне Законот за опојни дроги и психотропни супстанции Ѓорчев го нарече „мафијашка работа“ која наликува на оние земји каде цветаат нарко бизнисисте и главни се картелите за дрога.

Коронавирус