вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Поради неспобноста на Заев и Филипче, Македонија има над 1000 починати и е во врвот на листата на починати во Европа

Ѓорчев: Поради неспобноста на Заев и Филипче, Македонија има над 1000 починати и е во врвот на листата на починати во Европа

Владимир Ѓорчев, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на телевизија 24 рече дека ова што и се случува на државата е катастрофа каде има починато над 1000 граѓани и е најлоша на Балканот.

-Она што ние како ВМРО-ДПМНЕ го кажуваме е дека на Македонија и се случува катастрофа, каде ние дојдовме до 1000 мртви и тоа е ужасна бројка. Македонија е најлоша на Балканот. Никој не вели дека нема да има или немаше да има починати во време на корона кризата, но ако ги видиме бројките кои што ги има Бугарија, Косово, Србија, Албанија, БИХ и Црна Гора, Македонија е најлоша. Значи заради оваа неспобност на оваа влада и оваа гарнитура каде еве ноември дојде една вакцина во Македонија нема, каде луѓето плаќаат тестови, а функционерите добиваат тестови преку ред и бесплатни, поради тоа имаме 100 мртви. Ова што денес нас ни се случува во Македонија се полоши бројки на мртви од Италија во март и во април, истакна Ѓорчев.

Тој во своето гостување посочи дека во Македонија сега има рецесија која е најлоша во последните 20 до 30 години и зборуваше за хаосот во економијата, здравството и образованието.

-Ние ја имаме најлошата рецесија во последните 20 до 30 години. Нели ние пред 2 и пол години почнавме преговори со ЕУ, нели имаше селфи Заев во авионот со Димитров со Османи, па за локалните избори ние велеа „Радувај се Македонијо, почнуваме преговори“, а преговорите не се почнати. Она што за жал го имаме во Македонија е пустош на економски, здравствен план, со живот на плаќаме оваа неспобност на владата, имаме хаос во образованието каде школската година не започна на 1 септември. Внимавајте кои се тие размери на неспобност да имаме власт која не е во состојба да ја започне училишната година, нема учебници и така натаму. Нема ниту едно болничко возило набавено, владата на ВМРО-ДПМНЕ имаше набавено 140 болнички возила, додаде Ѓорчев.

Локални избори 2021