петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 57
home Вести

Ѓорчев: Пописот е важен за државата и тој треба да биде усогласен според европски стандарди

Ѓорчев: Пописот е важен за државата и тој треба да биде усогласен според европски стандарди

Марјан Ѓорчев, стратешки партнер на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и советник на Извршниот комитет на партијата во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ говореше за пописот и истакна за да се спроведе пописот тој треба да биде усогласен според европските стандарди.

-Пописот треба да каже одговор за тоа каде утре Македонија ќе се најде како демографска структура, како број на население, како работно способна сила за потребите на економијата. Сето ова бара еден добар закон и тоа би било најдобро кога тој би бил усогласен со Евростат, со европските стандарди. Јас сметам дека овој закон не е усогласен затоа што таму се знае како е во Евростат треба да имате попис на жителите кои што живеат во македонската држава и евентуално тие кои се една година во странство и трето нема некој да докажува ако јас не сум тука, а мојата сопруга е тука и да каже тој е Македонец, само јас можам да кажам дали сум Македонец, а не мојата сопруга. Такво нешто не постои ви европската практика и со самото тоа се наметнува прашањето колку тој попис ќе биде кредибилен, со човек кој најмногу го познава тој кој остуствува во државата, потоа не кажува ограничување колку години треба да е отсутен во државата. Јас сметам дека идеологијата е проблем, истакна тој.
Ѓорчев посочи дека пописот не треба да се прави во ваква ситуација кога имаме КОВИД-19
-Пописот е важен за државата тогаш дајте да не го правиме пописот во оваа ситуација на КОВИД-19. Ако толку години сме чекале, ако вчера имавме 16 смртни случаи сега ние треба да правиме во време на КОВИД да правиме попис, а во овој случај и немаме доволно вакцини обезбедено за граѓаните, додаде Ѓорчев.

ЕУРО 2020

Македонија