петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Попис според стандардите на ЕУ и ОН, а Не според пазарењата на Зоран Заев

Ѓорчев: Попис според стандардите на ЕУ и ОН, а Не според пазарењата на Зоран Заев

На денешното заседавање на седницата на собраниската Комисија за европски прашања свое излагање имаше Владимир Ѓорчев, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ кој апелираше на разумот и сенсот кај владејачкото мнозинство, особено кај СДСМ да не ги прифаќа политичките договори на Зоран Заев.

Оваа власт треба да прекине да ги тера проектите на сила, да прекине да ги тера проектите со спротивставување на граѓаните на Република Македонија. И да не ги принудува граѓаните на Република Македонија преку своите постапки, мислења или уверувања да им искажуваат недоверба на институциите на оваа власт на Зоран Заев, посочи Ѓорчев.

Ѓорчев појасни дека граѓаните имаат инструменти со кои што ќе можат да искажат недоверба кон инструментите, постапките и неевропските закони на Зоран Заев.

Апсолутно е приоритет да имаме попис во Република Македонија според критериумите на Евростат, според критериумите на Европска Унија и Обединети Нации. Овој вака предложен закон од власта на Зоран Заев и неговиот Завод за статистика во кој што немаме никаква доверба апсолутно не е на таа линија. Ова треба да се повлече, затоа што граѓаните на Република Македонија се масовно незадоволни од предлогот за законот за попис на население вака како што е предложен од Зоран Заев, истакна Ѓорчев.

Најнови вести

Коронавирус