четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Ѓорчев: Под итно влада на национален спас бидејќи Македонија никогаш не била толку понижена како сега од Зоран Заев

Ѓорчев: Под итно влада на национален спас бидејќи Македонија никогаш не била толку понижена како сега од Зоран Заев

„Ова што Зоран Заев го прави во континуитет ќе биде запишано во црните и темни страни на македонската историја“, нагласи Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при својата изјава дадена за централниот дневник на телевизија Алфа.

Ѓорчев додаде дека потребна е под итно влада на национален спас бидејќи Македонија никогаш не била толку понижена како сега од страна на сегашната влада предводена од Зоран Заев. „Истовремено имаме најголема смртност на Балканот, секој ден умираат по 30-40 луѓе. Тука каде што зборуваме на 200-300 метри е Воена болница. Таму умираат по 20-30 луѓе дневно. Живееме и дишеме во моментов најзагаден воздух во светот. Не само во Скопје, тука е Куманово, Струмица, Тетово, насекаде.

Македонија е најсиромашната држава во Европа. Ништо не се прави во Македонија, а имаме најкорумпирана власт“, потсети Ѓорчев. Ѓорчев посочи дека поради тие причини, поради ужасно тешки состојби во кои се наоѓа Македонија под итно е потребна Влада за национален спас. Македонија мора да излезе од оваа криза еднаш за секогаш.

Најнови вести

Коронавирус