недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 79
home Вести

Ѓорчев: Откако дојде владата на Заев имаме историска демографска рецесија, историско иселување и фрапантен пад на инвестициите од 84 проценти

Ѓорчев: Откако дојде владата на Заев имаме историска демографска рецесија, историско иселување и фрапантен пад на инвестициите од 84 проценти

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев на пратеничките прашања денеска истакна загрижувачки бројки во однос на економијата каде како што вели тој имаме пад на инвестициите од 84 проценти, и фрапантен пад како никогаш досега има во делот на демографските бројки на новородени деца, рецесија од 16%, што ја прави оваа 2019-та најлоша демографска година во историјата на Македонија.

-Пратеникот истакна дека ако ја видиме листата на Финеншл тајмс тогаш имаме пад на Македонија од трето место по странски грин филд инвестиции во Европа за 15 места, а сега сме на 18-то место.

-Ако ова ги додадеме податоците од ДЗС кои излегоа вчера во делот на иселувањето, коишто велат дека бројот на родени во третиот квартал за 2019-та е намален за 7,4 % , значи имаме историски најлош трет квартал во историјата на Македонија за родени деца, затоа што лушето си заминуваат од Македонија, вели Ѓорчев.

Тој вели исто така дека бројките кумулативно од сите квартали во 2019-та година доаѓаме до сознаето дека оваа 2019-та година е најлоша демографска година во историјата на Македонија, кумулативно во трите квартали оваа година падот е 9%, откако доаѓа владата на СДСМ секоја година имаме падови, а оваа година ќе паднеме под 20.000 родени деца.

-Во Струмица падот на родени деца за разлика од предходни години е само 450 родени деца, Во Општина Ново Село во првите три квартали родени се само 18 деца, од 50 претходно, сега се само 18 деца, Босилово пад од 114 родени претходно ,на 78 родени деца, со рецесија од 25 %. Бројот на родени бебиња во Македонија од 2016-та година до 2019-та година е намален за 2772 помалку родени деца, рецесијата е 16%, а има општини каде падот е 60-70%, вели Ѓорчев.

-Нема човек на којшто Македонија му е на срце, а овие бројки да не го загрижат, затоа и порачував на министерката Царовска да не менува одредени политики, затоа што ова е навистина загрижувачки, од земја којашто имаше раст во Европа на родени во десет годишен период, сега имаме страшен пад во споредба со 50-тина земји, посочува пратеникот Ѓорчев.

Најнови вести

Коронавирус