вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 3
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Ѓорчев од Демир Капија: Идната програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе се креира според потребите на граѓаните- доаѓа новата влада на Македонија

Ѓорчев од Демир Капија: Идната програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе се креира според потребите на граѓаните- доаѓа новата влада на Македонија

Пратеникот Влатко Ѓорчев денес во рамки на кампањата „Разговори за Обнова на Македонија – Проблеми, решенија и програма“ имаше средба со граѓаните на Демир Капија.

Ѓорчев пред присутните истакна дека за многу брзо следува техничка влада, а потоа следуваат и избори, а на нив доаѓаат промените во Македонија, кога тогаш сите кои вршат криминалии, притисоци и ги заплашуваат граѓаните ќе треба да одговараат пред законите.

-Имаме уште 60 дена додека да имаме широка влада и порачајте им на оние кои се закануваат на оние кои се шетаат со прстот кренат горе по канцелариите, на оние кои заплашуваат, на оние кои вршат непринципиелни притисоци, дека доаѓаат промените, дека тоа не е во ред што го прават и дека за сето она што и се случува на Македонија за сите криминали, корупции, за сите незаконски работи, за сите оние притисоци кои ги гледаме ќе има одговорност за многу кратко време, посочи Ѓорчев.

Ѓорчев вели дека за 6 месеци ќе има нова влада и дека доаѓа новата влада на Македонија, на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски.

Тој ги повика граѓаните на Демир Капија да ги соопштат своите проблеми, а според тие потреби на граѓаните, ќе се креира идната програма на ВМРО-ДПМНЕ, а идната влада која ќе ја формира партијата  ќе си стои на зборот и ќе ги решава тие предизвици.

-Напишете ги вашите проблеми, сугестии, нашата програма која што ќе излезе за неколку месеци ќе биде програма која што ќе решава проблеми, од која што граѓаните ќе видат корист. Ние ќе бидеме реални, ние ќе си стоиме на зборот и ќе ги вратиме времињата кога тоа што го пишува во програмата тоа и ќе се оствари, нагласи Ѓорчев.

Парламентарни избори 2020