петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 186
home Вести

Ѓорчев од Битола: Македонија се буди, се ближи крајот на лошите политики на Заев кои и наштетуваат на земјава

Ѓорчев од Битола: Македонија се буди, се ближи крајот на лошите политики на Заев кои и наштетуваат на земјава

Ви благодарам што дојдовте на овој наш денешен протест на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, рече пред битолчани, Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Повод за овој протест кој што го имаме во Битола денес е општото огромно незадоволство кое што владее во Македонија од политиките, изјавите и постапките на Зоран Заев, истакна Ѓорчев.

Значи, она што се случува во Македонија е навистина еден изворен и оправдан револт. Македонија никогаш не била попонижена. Македонија никогаш не била поопљачкана. И затоа Македонија се буди. Ова не е само партиски контекст, ова е општонароден контекст, ова се сите луѓе кои што силно, силно ја сакаат и ја љубат
Македонија, додаде тој.

Коронавирус