петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Ѓорчев објасни каков удар за граѓаните е последното задолжување кое го направи Владата

Ѓорчев објасни каков удар за граѓаните е последното задолжување кое го направи Владата

Владата заедно со Министерството за финансии пред два дена ја задолжија државата за нови 98 милиони евра.

Споделувајќи ја оваа вест, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, објасни што во пракса значи ова и како на нас, граѓаните, истото ќе се одрази:

“Само ова задолжување значи:

– 50 евра (3.000 денари) долг за СЕКОЈ граѓанин, од бебе до старец

– 200 евра (12.000 денари) за СЕКОЕ 4-члено семејство

– 70 евра (4.300 денари) за секој ВРАБОТЕН во државата.

Ова е долг само за ДЕНЕС, плус СЕКОЈ ден ќе тече КАМАТА.

Ова ви е поздрав од Заев, Кочо и Тевдовски„- напиша Ѓорчев.

Коронавирус