четврток, 5. август 2021. Вести денес: 156
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Вести

Ѓорчев: Невозможно е Бугарија во блиска иднина да ги смени позициите кои ги има спрема Македонија во однос на члeнство во ЕУ

Ѓорчев: Невозможно е Бугарија во блиска иднина да ги смени позициите кои ги има спрема Македонија во однос на члeнство во ЕУ

Марјан Ѓорчев, стратешки партнер на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и советник на партијата во своето гостување во емисиајата „24 Анализа“ зборуваше за тоа дали Бугарија може да излезе од тврдите позиции кои ги има спрема Македонија во однос на членството во ЕУ и истакна дека според него тоа не е возможно да се случи во блиска иднина.

-Од моето гледање такво гледање во блиска иднина не е возможно. Силниот лидер кој сега, а убеден сум дека и после претседателските изборите ќе ја води Бугарија е Румен Радев. Тоа е човекот кој има кристално јасни ставови кон Република Македонија во однос на она што претставува проблемот во историско образовниот спор. Второ тој има огромно влијание, голем авторитет, тој има рејтинг кај бугарските граѓани повеќе од 50 проценти, така што таа силна личност, но и човек кој кон Република Македонија ја следи траекторијата на бугарската академија на науките, ја следи декларацијата, ја почитува до крај, тешко ќе може без соодветен притисок од страна на силните држави пред се Германија иа Франција и државите кои имаат демократски пристап кон решавањето на билатералните спорови да се измести таа бугарска позиција, рече тој во своето гостување.

Коронавирус