четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 20
home Вести

Ѓорчев: Нема да се откажеме од барањето за анкетна комисија

Ѓорчев: Нема да се откажеме од барањето за анкетна комисија

Нема да се откажеме од барањето за анкетна комисија, затоа што во Парламентот, во домот на граѓаните треба да се дискутира за ова фијаско, во кое 14 живи луѓе изгореа за три минути, истакна во гостувањето на телевизија Сител, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во однос за барањето на ВМРО-ДПМНЕ за анкетна комисија за трагедијата во Тетово.

Тој појасни дека една болница треба да биде направена со сите можни стандарди, а не од пластика како што беше направена од фирмата на еден вицепремиер на Зоран Заев и потпретседател на Владата на СДСМ.

Нема никаква одговорност за тоа што 14 живи луѓе изгореа во Тетово, исто така нема одговорност ни изгоре пола Македонија пред 2 месеци бидејќи авионите не беа сервисирани. Нема никаква одговорност. Нема никаква одговорност ни за овчарот кој што почина во кратовско од премрзнување, ни таму не се прати хелихоптер. Нема никаква одговорност за било што во Македонија, истакна Ѓорчев.

Тој потенцираше дека одговорноста на оваа власт е апсолутно непознато но затоа тука се граѓаните. Македонија заслужува подобро. На Македонија потребна и е Влада која што ќе набави вакцини, која што ќе сервисира авиони, која што ќе донесе инвестиции и градоначалници кои што ќе работат за луѓето.

Коронавирус