недела, 20. септември 2020. Вести денес: 88
home Вести

Ѓорчев на Универзитетот во Штип: Младите се иднината на Македонија, мора да се обезбедат услови да се задржат во државата

Ѓорчев на Универзитетот во Штип: Младите се иднината на Македонија, мора да се обезбедат услови да се задржат во државата

Пратеникот Владимир Ѓорчев беше говорник на трибина на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Пред студентите на правниот факултет Ѓорчев зборуваше за функциониеањето на Собранието, за собраниските процедури, како и за работата и функцијата пратеник, заедно со екс пратеничката на СДСМ, Билјана Казанџиска.

Според Ѓорчев, секој пратеник е поединец и самиот одговора за излагањата и позициите во Собранието, а на крајот граѓаните го имаат последниот збор и тие ги избираат нив.

„Секој пратеник е поединец за себе и секој едноставно одговара за своите позиции, за своите залагања, а на крајот на краиштата граѓаните го имаат последниот збор, тие се врховниот арбитар“, рече Ѓорчев.

Студентите од штипскиот универзитет  ја искористија можноста за поставување на бројни прашања до Ѓорчев и Казанџиска, кои ги пренесоа искуствата од прва рака од собраниските процедури и активност.

На крајот, пратеникот Ѓорчев се заблагодари за вниманието и присуството до студентите од Штип, Пробиштип, Делчево и другите општини од источна Македонија.

Во изјавата за локалните ТВ Ирис и ТВ Стар Ѓорчев нагласи дека младите се иднината на Македонија, а дека државата мора да го направи максимумот за да ги задржи младите тука.

Универзитетот Гоце Делчев е меѓу најважните и клучни институции за источна Македонија и дека секоја година се докажува оправданоста на неговото формирање и постоење од 2007 година, а поддршката кон овој Универзитет мора продолжи и да се засилува.

Коронавирус