сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 54
home Вести

Ѓорчев на ТВ 21: Младите и неопределените ја губат довербата во Владата, подготвуваме сериозна програма

Ѓорчев на ТВ 21: Младите и неопределените ја губат довербата во Владата, подготвуваме сериозна програма

Програмата на СДСМ која што е за жал една од поголемите лаги во поновата македонска историја и таму директно како што велеа во програмата „За живот во Македонија“ пишува дека минимум тројца министри ќе дебатираат со опозицијата. Јас конкретно со месеци месеци наназад не можам да дебатирам со министер на СДСМ, сите министри избегнуваат дуел со мене, Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и со пратениците, ова вчера во емисијата „Клик Плус“ на телевизија 21 го истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.

-Немаат што да кажат, министерот за финансии што ќе каже? Дека ја оправил економијата, Кочо Анѓушев што ќе каже? Дека се грижи за својот бизнис? Или за општото добро, министерот за земјоделие што ќе каже, што ќе понуди? Оливер Спасовски што ќе каже? Дека Македонија е безбедна, а гледаме дека секој ден имаме убиства, обиди за убиства, запалени автомобили, а еве и вечерва имаме лице кое е застрелано. Дефинитивно оваа влада нема што да каже и затоа е тоа избегнување со јавноста, потенцираше Ѓорчев.

Коронавирус