среда, 2. декември 2020. Вести денес: 211
home Вести

Ѓорчев на средби во парламентот на Велика Британија и Домот на лордовите

Ѓорчев на средби во парламентот на Велика Британија и Домот на лордовите

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев денеска беше во работна посета на Лондон, а по тој повод тој на својот Фејсбук профил објави статус кој ви го пренесуваме во целост.

-Во Лондон имав повеќе средби со членови на британскиот парламент и Домот на лордовите.

Се сретнав со пратениците John Whittingdale, Џон Гроган, Кејт Грин и Chris Matheson – Chester MP од редовите на Конзервативната и Лабуристичката партија.

Од Домот на лордовите се сретнав со лордот Бозвел (Lord Boswell of Aynho), лордот Хоувел (Lord Howell of Guildford), баронесата Кузинс (Baroness Coussins), лордот Џеј (Lord Jay of Ewelme), баронесата Хопер (Baroness Hooper), лордот Долакиа (Lord Dholakia) и баронесата Анелеј од Ст. Џонс (Baroness Anelay of St Johns).

На сите средби го користев името МАКЕДОНИЈА и ги информирав за состојбите во нашата држава.

Велика Британија е важен партнер, пријател и сојузник на Македонија.

Мора да ги засилиме политичките и економските односи, стои во Фејсбук постот на Ѓорчев.

Коронавирус